Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Соопштение (доделување на парични награди за освоени први места на државни ученички натпревари во основното образование)

Соопштение (доделување на парични награди за освоени први места на државни ученички натпревари во основното образование)

 

Министерството за образование и наука информира дека согласно член 34 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17 и 64/18) за освоено прво место на натпревар на државно ниво организиран од акредитирано здружение на наставници на ученикот и неговиот наставник им се доделува парична награда.

Министерството за образование и наука информира дека согласно член 34 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 103/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17 и 64/18) за освоено прво место на натпревар на државно ниво организиран од акредитирано здружение на наставници на ученикот и неговиот наставник им се доделува парична награда. Барањата од ученикот, односно од неговиот наставник за исплата на парична награда за освоено прво место на натпревар на државно ниво во учебна година, се доставуваат до Министерството најдоцна до 31 декември во тековната година кога е организаран натпреварот.

Ученикот, заедно со наставникот кој го подготвувал за натпреварот, треба да достави Пријава со која во прилог ги доставува и следните документи:

Образецот за пријава може да се преземе тука 
- Потврда за ученикот дека е редовен ученик во основно училиште;
- Потврда за наставникот дека е вработен во основно училиште;
- Фотокопија од диплома за освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за ученикот;
- Фотокопија од диплома за освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за наставникот;
- Копија од трансакциска сметка за ученикот (трансакциската сметка да биде на име на ученик не на родител);
- Копија од трансакциска сметка за наставникот;
Изјава за согласност за обработка на лични податоци потпишана со цело име и презиме од родител-старател, и
Изјава за согласност за обработка на лични податоци потпишана со цело име и презиме од наставникот

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar