Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Стипендии за учество на летни школи по полски јазик во Република Полска

Стипендии за учество на летни школи по полски јазик во Република Полска

 

Министерството за образование и наука информира дека во 2019 година Бирото за Академско признавање и меѓународна размена на Република Полска обезбедува четири стипендии за учество на кандидати на летни школи по полски јазик, кои ќе се одржат во Република Полска

Министерството за образование и наука информира дека во 2019 година Бирото за Академско признавање и меѓународна размена на Република Полска обезбедува четири стипендии за учество на кандидати на летни школи по полски јазик, кои ќе се одржат во Република Полска.

Кандидатите потребно е да ги поднесат следните документи во два примероци:
Пополнет формулар за учество на летната школа;
- CV, кратка биографија;
- Диплома за завршено високо образование;
- За студентите: потврда дека е редовен студент на факултет
- Мотивациско писмо.
Стипендијата покрива школарина, сместување и исхрана во студентска кантина, а патните трошоци се на товар на самиот кандидат.
Непотполни и не навремено доставени документи нема да се земат во предвид.
Кандидатите треба да се регистрираат на следниот линк https://programs.nawa.gov.pl/login, најдоцна до 18.03.2019 година, до 15:00 часот. 
Условите и други информации можат да се видат на линкот:
https://nawa.gov.pl/jezyk-polski/letnie-kursy-jezyka-i-kultury-polskiej/ogloszenie

Регистрираните кандидати треба да ги достават потребните документи до 22.03.2019 до архивата Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, (ул. Свети Кирил и Методиј бр.54, 1000 Скопје). 
Интервју со кандидатите ќе се одржи на 27.03.2019 година во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија во 10:00 часот, во Сектор за меѓународна соработка,канцеларија 1400.

Лице за контакт – Видановски Гоце ( 02 ) 3 140 185

[ четврток, 14 март 2019 ] [ 575 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar