Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Интеруниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи за академската 2019/2020 година на Дипломатската школа во Мадрид

Интеруниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи за академската 2019/2020 година на Дипломатската школа во Мадрид

 

Амбасадата на Кралство Шпанија во Скопје информира дека Министерството за надворешни работи и соработка на Кралството Шпанија објави конкурс за Интеруниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи за академската 2019/2020 година на Дипломатската школа во Мадрид.

Амбасадата на Кралство Шпанија во Скопје информира дека Министерството за надворешни работи и соработка на Кралството Шпанија објави конкурс за Интеруниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи за академската 2019/2020 година на Дипломатската школа во Мадрид.

Условите и начинот за конкурирање, како и пријавата се објавени на следниот линк:
https://www.boe.es/boe/dias/2019/02/12/pdfs/BOE-A-2019-1905.pdf

Покрај наведените услови и критериуми во конкурсот, заинтересираните кандидати потребно е да ги исполнат следните услови:

-Кандидатите индивидуално ја пополнуваат пријавата и заедно со останатите потребни документи наведени во конкурсот ја доставуваат во Амбасадата на Шпанија во Скопје најдоцна до 1 април 2019 година;
-Кандидатите ќе подлежат на тест за прием, кој ќе се одржи во Амбасадата на Шпанија во Скопје;
-Кандидатите треба да поседуваат задоволително познавање на шпанскиот јазик, што може да се акредитира преку дипломата за шпански како странски јазик (DELE), средно ниво, во согласност со второто правило на конкурсот.
-Во согласност со одлуката АУЦ/123/2019 од 7 февруари 2019 година, наведено е дека јавната школарина за Интеруниверзитетски магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи за академската 2019/2020 година на Дипломатската школа во Мадрид изнесува 1.250 евра. (без вклучени трошоци за издавање на дипломата по завршување на програмата)

За сите дополнителни информации за магистерските студии по дипломатија и меѓународни односи за академската 2019/2020 година на Дипломатската школа во Мадрид, заинтересираните кандидати може да ја контактираат и Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје.

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar