Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Започна изградбата на спортска сала во ОУ „Братство“ во општина Карпош

Започна изградбата на спортска сала во ОУ „Братство“ во општина Карпош

Нова повеќенаменска спортска сала денес започна да се гради во склоп на основното училиште „Братство“ во општина Карпош, а камен темелникот го поставија премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот Сотир Лукровски. Станува збор за инвесиција во вредност од 64 милиони денари, обезбедени од страна на Владата, преку повикот за финансирање на капитални проекти на општините. 

 

Во обраќањето на настанот, министерката Јаневска рече дека околу 70 инфраструктурни проекти во областа на образованието во моментов се реализираат во општините низ Македонија. Дел ги финансира Министерството за образование и наука, а дел Владата која обезбеди поддршка за капитални проекти на локалните самоуправи.

 

„Еден од тие проекти е и оваа повеќенаменска спортска сала. Прилично голема, 1400 квадратни метри со трибина со 400 седишта. Му честитам на општинското раководство, на учениците, наставниците и на жителите од оваа населба, затоа што за отприлика една година ќе добијат современ спортски објект кој освен училиштето, ќе може да се користи и за комерцијални цели – за официјални натпревари, тренинзи, спортско – културни манифестации и така натаму“, рече Јаневска.

 

Информираше дека преку министерството, во моментов во општина Карпош се прошируваат капацитетите на ОУ „Димо Хаџи Димов“ со доградување на 6 училници, а наскоро ќе започне и доградба на 4 училници во ОУ „Петар Поп Арсов“, за да се овозможи едносменска настава.

 

„Инфраструктурата, заедно со учебниците, наставните програми и мотивиран наставен кадар се основни предуслови за квалитетно образование“, додаде министерката.

Мени за пристапност