МИСИЈА: Обезбедување квалитетен воспитно - образовен процес, преку примена на современи методи на учење, критичко размислување и интегрирање на информатичка технологија и дигитални вештини во наставата, поддршка на самостојноста на ученикот * , во процесот на стекнување на знаења, вештини и ставови, за нивна практична примена во реалниот животен контекст, креирање на култура на доживотно учење, воедно вложувајќи во континуиран развој на научно-истражувачката дејност
ВИЗИЈА: Придонес во развивањето на европските образовни вредности преку обезбедување на сеопфатно, инклузивно и интегрирано образование насочено кон „ученикот“ * . Создавање на конкурентен национален образовен систем заснован на современи програми што овозможуваат стекнување со знаења, вештини и компетенции согласно потребите на демократското мултикултурно општество, пазарот на трудот и новите предизвици во глобалниот научно-технолошки амбиент. Инвестициите во квалитетен образовен систем ќе бидат основа за забрзувањето на темпото на економски раст и поддршка кон определбите за вклучување во научно – истражувачки и иновативни процеси.
-Министерството за образование и наука, определува и делува во остварување на целите за квалитет, согласно следните основни постулати:
-Стремеж кон подигање на квалитетот на образовните и научните институции и градење механизми за нивно ефективно и ефикасно делување
-Имплементација на сите позитивни промени во образовната и научната сфера со цел да се намали невработеноста и да се генерираат квалитетни кадри
-Засилување и унапредување на меѓународната соработка во сферата на образованието и науката.
-Подигање на нивото на образованието кај младите со посебен акцент на зголемување на квалитетот на нивното знаење.
-Поддржување на образовна рамноправност, односно образование за сите граѓани.
-Примена на концепт за доживотно учење и обука.
-Воспоставување на динамична врска со пазарот на трудот и потребите на стопанството.
-Промовирање на информатичката писменост како една од клучните компетенции за зголемување на ефикасноста на образовниот систем.
-Континуирано подобрување на Системот за менаџмент со квалитет низ постојано усовршување на процесите, со цел задоволување на барањата на нашите заинтересирани страни и барањата на системот за квалитет;
-Одржување на тим од висококвалификуван и мотивиран персонал, водење сметка за одржување на благопријатен творечки амбиент, при што секој извршител е свесен за важноста на своите дејствија во однос на задоволувањето на барањата на корисниците на услуги и просперитетот на Министерството.
-Примена на процесен приод кон создавањето и одржувањето на системот за управување со квалитет преку идентификација, планирање, воведување, контрола и континуирано подобрување на сите процеси кои имаат влијание врз квалитетот на услугите на Министерството.
*Во овој контекст, под терминот „ученик“ се подразбира секој учесник во воспитно-образовниот процес.