Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Надминат е предизвикот во ОУ „Петар Здравковски Пенко“ во Бутел

Надминат е предизвикот во ОУ „Петар Здравковски Пенко“ во Бутел

Заменик министерот за образование и наука Дритон Сулејмани денес на прес конференција сподели информација дека надминат е предизвикот со организирањето на наставата на албански наставен јазик во ОУ „Петар Здравковски – Пенко“ во Бутел за учениците  кои живеат во непосредна близина на училишниот објект, но се на територија на општина Чаир.

Сулејмани информираше дека по координацијата на Министерството за образование и наука и општините Бутел и Чаир, постигнато решение со кое им се овозможува на учениците кои имаат постари брат или сестра да учат во ова училиште.

„Согласно постигнатиот договор во ООУ „Петар Здравковски Пенко“ се запишани повеќе од триесет ученици кои територијално припаѓаат на општина Чаир, но живеат во близина на ова училиште и имаат постари брат или сестра кои веќе посетуваат настава во училиштето“, рече заменик министерот.

Додаде дека според податоците со кои располага Министерството за образование и наука, минатата учебна година во прво одделение на албански наставен јазик функционираа четири паралелки, а не пет како што се говореше во јавноста од страна на одредени политички субјекти.

„Согласно бројката за запишани првачиња и оваа учебна година се формирани четири паралелки на албански наставен јазик со просечно по 25 ученика, што доведува до заклучокот дека бројот на паралелки не е намален, а организацијата е направена во согласност со законот, водејќи сметка за квалитетот на воспитно-образовниот процес. Тоа значи дека тврдењето дека оваа година е затворена една паралелка на албански наставен јазик не се совпаѓа со официјалната документација“, нагласи Сулејмани.

Во име на министерството упати апел до сите чинители дека секој предизвик од ваков вид во иднина треба навремено да се адресира преку институционална комуникација, наместо да се решава преку политички превирања.

Мени за пристапност