Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Заменик министерот Сулејмани учествуваше на тркалезна маса посветена на културното наследство

Заменик министерот Сулејмани учествуваше на тркалезна маса посветена на културното наследство

Она што нема да го документираме денес, ризикуваме да го изгубиме утре. Затоа, зачувувањето на културното наследство е заедничка одговорност и значајна инвестиција во нашиот идентитет и иднина, истакна заменик министерот за образование и наука Дритон Сулејмани на научната тркалезна маса посветена на албанското културно наследство во кумановскиот регион, организирана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците - Скопје, под раководство на д-р Бесник Емини.

- Како граѓанин на Куманово, оваа тема за мене има посебно значење, бидејќи наследството на овој регион е дел од нашиот идентитет, нашата историја и сеќавањата што треба да им ги пренесеме на идните генерации, додаде Сулејмани, напоменувајќи ја важноста на научното истражување, документирањето и промовирањето на културното наследство, како и улогата на образованието во запознавањето на младите со историјата, јазикот, традициите и вредностите што ги наследуваме од нашите предци.

- Овој проект, поддржан од Министерството за образование и наука, ја потврдува нашата посветеност на развојот на науката и зачувувањето на нашите национални вредности. Министерството и во иднина ќе продолжи да поддржува вакви иницијативи, кои придонесуваат за збогатување на знаењето и зачувување на нашето наследство за идните генерации, изјави заменик министерот за образование и наука Дритон Сулејмани.

Мени за пристапност