Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

ОДЛУКА за повлекување од употреба на учебници за VII одделение основно образование

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа на член 9 став (1) во врска со член 35 од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/25 и 74/25), Националната комисија за учебници на седницата одржана на 09.10.2026 година, донесе

 

ОДЛУКА

за повлекување од употреба на учебници за VII одделение основно образование

 

1. СЕ ПОВЛЕКУВААТ ОД УПОТРЕБА следните учебници:

· Македонски јазик од авторите: Снежана Велкова и Соња Јовановска, Издавачка куќа: МОН бр. 10-1590/1 од 19.06.2009 година;

· Македонски јазик од авторите: Сузана Цветковиќ и Билјана Димковска, Издавачка куќа: МОН, бр. 10-1592/1 од 19.06.2009 година;

· Албански јазик од авторите: Зихни Османи и Фејзи Бојку, Издавачка куќа: МОН бр.10-1617/1 од 19.06.2009 година;

· Турски јазик од авторот: Осман Емин, Издавачка куќа: МОН, бр. 22-4037/1 од 29.06.2010 година;

· Српски јазик од авторите: Добривоје Стошиќ и Билјана Георгиевска, Издавачка куќа: МОН, бр.22-1716/1 од 30.12.2016 година;

· Историја од авторите: проф. Ненад Нанески и проф. Бехар Мехмети, Издавачка куќа: Ѕвезда (носител на права: ИК КАТ Продукција ДОО Скопје), бр.10-1759/1 од 18.08.2005 година;

· Историја од авторите: проф. Милан Бошковски, проф. Неби Дервиши и проф. Јордан Илиоски, Издавачка куќа: Просветно Дело, бр.10-1760/1 од 18.08.2005 година;

· Географија од авторот: Благоја Марковски бр.26-92/1 од 12.02.2019 година;

· Ликовно образование од авторот: Данчо Ордев, Издавачка куќа: Просветно Дело, бр.10-2340/1 од 03.11.2008 година;

· Ликовно образование од авторите: Ана Цветкоска Панова и м-р Ангелина Дамјаноска Наумоска, Издавачка куќа: Топер, бр.10-2339/1 од 03.11.2008 година;

· Информатика од авторот: Андријана Томовска, Издавачка куќа: МОН, бр.26-521/1 од 16.03.2020 година;

· Музичко образование од авторите: Фроска Дугановска Сапунџиева, Веселинка Маџарова и Фљурим Зуљфија, Издавачка куќа: МОН, бр.26-1202/1 од 30.07.2020 година;

· Физичко и здравствено образование од авторот: Златко Павловски, Издавачка куќа: Просветно Дело, бр.10-2338/1 од 03.11.2008 година и

· Етика од авторот: Кирил Темков, Издавачка куќа: МОН, бр.22-4100/1 од 06.07.2010 година (Решение за продолжување на важност бр.08-9064/1 од 25.07.2021 година)

2. Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

 

Согласно со членот 35 од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/25 и 74/25), предвидено е дека учебниците одобрени до денот на влегувањето во сила на овој закон продолжуваат да се употребуваат сè до донесување на соодветен акт за нивно повлекување од употреба.

Со оглед на надлежностите на Националната комисија за учебници утврдени со членот 9 од Законот, како и со оглед на фактот дека за дел од предметите опфатени со оваа Одлука одобрени се нови учебници а за дел од предметите според новата Концепција за основно образование и наставните планови не се предвидени учебници, исполнети се законските услови Националната комисија да ја донесе оваа Одлука за повлекување од употреба на горенаведените учебници, со цел доследно спроведување на преодните одредби од Законот и обезбедување на правен континуитет во наставниот процес.

 

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа Одлука незадоволната странка може да поднесе тужба за поведување управен спор пред Управниот суд во рок од 30 дена од денот на објавувањето на актот на интернет страницата на Министерството за образование и наука.

Мени за пристапност