Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Со наставниот кадар од Универзитетот во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Еврпа се одржа шестата јавна дебата за новиот Предлог закон за високо образование

Со наставниот кадар од Универзитетот во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Еврпа се одржа шестата јавна дебата за новиот Предлог закон за високо образование

Шестата јавна дебата за Предлог законот за високо образование и Предлог законот за обезбедување квалитет во високото образование се одржа денес со претставници на Универзитетот во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа. 

Пред академската заедница, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска посочи дека основните начела и политиките кои се застапени во овие закони се меритократија, мерливост на квалитет, интернационализација и соработка меѓу универзитетите, дополнителна видливост на високообразовните установи и на наставниот кадар, погодности за студенти и можности за стекнување повисоки знаења.

Потенцираше дека дебатите со универзитетите се од голема важност за подобрување на квалитетот на законскиот пакет и дека секоја сугестија е добредојдена. Изрази благодарност до единиците на двата универзитета кои доставија свои предлози и како што рече, со должно внимание ќе бидат разгледани, а сите што се издржани ќе се интегрираат во новите законски решенија.  

Мени за пристапност