Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Се продлабочува образовно – научната соработка меѓу Македонија и Турција

Се продлабочува образовно – научната соработка меѓу Македонија и Турција

Македонија и Туција ќе потпишат протокол за сорабока во областа на науката, технологијата и иновациите. Дефинирањето на содржината на документот е во финална фаза и за истиот се дискутираше на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и турскиот амбасадор Фатих Улусој. 

 

Двете страни изразија подготвеност процесот да биде заокружен до крајот на годината, а потишувањето на протоколот ќе ги зајакне односите помеѓу двете држави и ќе обезбеди поголема соработка помеѓу образовните и научните установи, размена на наставно – научен кадар, ученици и студенти.

 

За време на средбата, министерката Јаневска го претстави концетот за основање на првиот технолошки парк во Скопје, а турската страна изрази подготвеност да ја поддржи реализацијата на оваа идеја преку претставници на турската бизнис заедница во Македонија.

 

Јаневска и Улусој разговараа и за унапредување на наставата на турски јазик во Македонија која ја следат над 8000 ученици, преку повеќе обуки за наставникот кадар и вложување во додатни наставни помагала и опрема.

Мени за пристапност