Се известуваат сите корисници на право на студентска стипендија, остварено во некоја од изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на правото на стипендија, дека рокот за аплицирање е од 1 октомври 2026 година до 30 октомври 2026 година.
За продолжување на правото на студентска стипендија, корисникот треба електронски да ги прикачи следните документи:
- Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање;
- Уверение со положени испити, издадено од факултетот;
- Уверение за предвидени и положени испити (УППИ) – образец кој го пополнува и заверува факултетот, со наведениот успех од претходните години, како доказ дека студентот има положено 80%, односно 90% од предвидените испити, зависно од типот на стипендијата што ја користи, односно дека го одржал просечниот успех во студирањето, согласно договорот;
- Индекс, од првиот запишан семестар до последниот заверен семестар.
· Документите се прикачуваат електронски со соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk.
За било каква информација или прашање обратете се на електронската пошта studentskii.stipendii@mon.gov.mk .