Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавен повик за учество во јавна расправа за Предлог-концепцијата за откривање и работа со талентирани и надарени ученици во основното образование

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Бирото за развој на образованието, во соработка со Министерството за образование и наука, ја објавува на јавна расправа Предлог-концепцијата за откривање и работа со талентирани и надарени ученици во основното образование.

Документот е изработен во согласност со член 34 од Законот за основното образование, кој предвидува донесување Концепција со која се уредуваат препознавањето и идентификацијата на талентираните и надарените ученици, како и мерките и активностите за работа со нив.

Со Предлог-концепцијата се поставува основа за развивање поврзан и достапен систем за навремено препознавање, развивање и следење на потенцијалите на учениците, стручна идентификација и обезбедување соодветна воспитно-образовна поддршка. Документот дава насоки за работата на училиштата, соработката со семејствата и стручните институции, распределбата на одговорностите и следењето на квалитетот на поддршката.

Јавната расправа има цел, преку вклучување на стручната и пошироката јавност, да се приберат мислења, забелешки и конкретни предлози што ќе придонесат за подобрување на квалитетот, јасноста и применливоста на Концепцијата.

Ги повикуваме наставниците, стручните соработници, директорите на училиштата, високообразовните и научните установи, стручните здруженија, родителите/старателите, учениците и сите заинтересирани да го разгледаат документот и да дадат свој придонес во неговото унапредување.

Мислењата, забелешките и предлозите може да се достават до 10.10.2026 година, на електронската адреса javnarasprava@bro.gov.mk, со назнака: „Јавна расправа – Концепција за талентирани и надарени ученици“.

За полесно разгледување на предлозите, пожелно е да се наведат поглавјето или делот на кој се однесуваат, предложената измена или дополнување и кратко образложение.

Доставените мислења, забелешки и предлози ќе бидат разгледани при подготвувањето на конечниот текст на Концепцијата.

Предлог-концепцијата е достапна за преземање во прилог на оваа објава.

Мени за пристапност