Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност.
Повикот се однесува на студиски престој на странски студенти, студенти на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници на словачките високо образовни институции и истражувачки организации, за академската 2025/2026 година.
Деталните информации и услови за стипендиите се објавени на веб страницата www.stipendia.sk и www.scholarship.sk
Доколку имате дополнителни прашања во врска со Националната програма за стипендии, пишете им на администраторите: кандидати со постојан престој во Словачка: nsp-sk@saia.sk (К. Салерова); кандидати (студенти/докторанти) од странство: nsp-foreign2@saia.sk (С. Липовска); кандидати (универзитетски наставници/истражувачи/уметници) од странство: nsp-foreign@saia.sk (О. Арадски).
Апликациите треба да бидат доставени електронски на веб страницата: www.scholarship.sk, најкасно до 31 октомври 2025 година, до 16:00 ч. по централно европско време.