Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Програма за стипендии Марија Склодовска - Кири (MSCFP) на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ)

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

 

Програмата за стипендии Марија Склодовска - Кири (Marie Sklodowska - Curie Fellowship Programme) е континуирана иницијатива која има за цел да ги охрабри младите жени да да продолжат со својата кариера во областа на нуклеарната наука и технологија, нуклеарната безбедност и неширење на нуклеарното оружје.

Стипендиите ќе се доделуваат за магистерски студии во области поврзани со нуклеарната наука, со можност за продолжување на практикантска работа со помош на МААЕ до 12 месеци.

При доделување на стипендиите ќе се води сметка за географската застапеност, јазичната разноликост и дали апликантката претходно има добиено стипендија од МААЕ.

Процесот на аплицирање е отворен, a крајниот рок за пријавување е 31 октомври 2025 година.

Повеќе информации за MSCFP, како и за начинот на аплицирање може да најдете на www.iaea.org/MSCFP

Мени за пристапност