Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Стипендии за краткотраен истражувачки престој во Израел во 2026 година

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Министерството за образование и наука информира за можноста за македонските постдипломци за добивање стипендии за краткотраен истражувачки престој од 1-4 месеци во текот на 2026 година на Универзитетот Бар Илан во Тел Авив, Израел.

Стипендијата е наменета за кандидати кои следат магистерска, докторска или пост-докторска програма од релеванти академски области, вклучително Еврејски студии, историја и политички науки.

 

Финансиската поддршка изнесува 1.850 УСД месечно.

 

Дополнителни информации околу самата програма, иницијален контакт и/или евентуални прашања може да се добијат на: vp.internationaloffice@biu.ac.il

Мени за пристапност