Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Конкурс за доделување 180 (сто и осумдесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2026/2027 година

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20, 302/20, 235/24 и 111/26), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2026/2027 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 160/26), и Решението за распишување Конкурс за доделување 180 (сто и осумдесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2026/2027 година, Министерството за образование и наука распишува

 

К О Н К У Р С

 

за доделување 180 (сто и осумдесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2026/2027 година

 

Министерството за образование и наука за учебната 2026/2027 година ќе додели 180 (сто и осумдесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

 

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат ученици кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1. Да се редовни ученици од I, II, III и IV година во средно образование;

2. Да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за функционалната проценка;

3. Да не повторувале година во текот на образованието;

4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

5. Да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Критериум за доделување на стипендиите е ученикот да биде редовен ученик во средното образование. Доколку има повеќе кандидати, предност ќе имаат учениците од повисоките години, а потоа учениците од прва година, запишани по прв пат во средно образование.

 

II. НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Ученици кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 07.10.2026 до 21.10.2026 година.

 

Потребните документи за доставување се следните:

1. Потврда дека кандидатот е редовен ученик во учебната 2026/2027 година;

2. Свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (да се прикачуваат оригинални Свидетелства)

3. Наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за функционалната проценка;

4. Изјава потпишана од родител- старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на веб страната на министерството;

5. Изјава потпишана од родител- старател дека доставените документи се вистинити, објавена на интернет страницата на Министерството;

6. Изјава за користење на лични податоци потпишана со цело име и презиме од родител-старател, објавена во прилог на Конкурсот;

7. Трансакциска сметка на име на ученикот;

 

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:

- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и доколку не е доставена преку http://e-uslugi.mon.gov.mk.

Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на http://e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Новости“ најдоцна до 20.11.2026 година, а сите кандидати ќе добијат решенија во врска со статусот на поднесените апликации на своите електронски профили на http://e-uslugi.mon.gov.mk .

 

Учениците кои ќе бидат незадоволни од резултатите од конкурсот имаат право на жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен. За малолетните ученици, жалбата треба да биде доставена преку нивниот законски застапник, во спротивно истата ќе се смета за неуредна.

 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци за времетраењето на учебната 2026/2027 година.

Мени за пристапност