Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Отворен е повикот за американската Програма FLEX за средношколци

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Отворен е повикот The Future Leaders Exchange (FLEX) Global Program, целосно финансирана програма за размена на средношколци од Бирото за образовни и културни прашања при Стејт департментот на Соединетите Американски Држави.

Програмата им овозможува на учениците да поминат една учебна година во САД, каде ќе живеат во избрани американски семејства-домаќини, ќе посетуваат американско средно училиште и ќе учествуваат во образовни, лидерски и програмски активности. Целта е развој на нова генерација млади лидери преку меѓукултурна размена, лидерство, претприемништво, технологија и граѓанска ангажираност.

Програмата ја спроведува Американски совет за меѓународно образование во соработка со Амбасадата на САД.

Можат да се пријават средношколци запишани во прва или втора година, а избраните ќе заминат во САД во учебната 2027-2028 година. Програмата ги покрива патните трошоци, сместувањето во семејство-домаќин, школувањето во американско средно училиште, здравствено осигурување и месечен надоместок за лични трошоци.

Апликацијата е отворена до 22 октомври 2026 година на следната веб страница : https://ais.americancouncils.org/cgi-bin/WebObjects/AIR.woa  

Мени за пристапност