Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје известува за повикот на шпанското Министерство за надворешни работи за прием на магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на Дипломатската школа во Мадрид, за 2026 - 2027 година, насочени кон дипломатски службеници и кон кандидати не-дипломати.
Магистерските студии се консолидирани и познати како светска референца за подготовка на аналитичари и експерти за меѓународни односи и меѓународна политика, на шпански јазик. Постои и можност за добивање стипендија.
Сите потребни информации може да се најдат на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Шпанија: Disposición 8058 del BOE núm. 88 de 2026
Kраен рок за поднесување на апликации е 24 април 2026 година.