Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Конкурс за изменување и дополнување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2026/2027 година во Република Северна Македонија

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Во согласност со член 42 од Законот за средното образование („Службен весник наРепублика Македонија“ брoj 44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003, 42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008, 92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 42/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012, 24/2013, 41/2014, 116/2014, 135/2014, 10/2015, 98/2015, 145/2015, 30/2016, 127/2016, 67/2017 и 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 229/2020, 78/25, 132/25, 250/25), Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 3/25 и 74/25), Законот за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ брoj 115/2014, 129/2015, 146/2015, 30/2016 и 142/2016 и 64/2018) и Законот за Математичко - информатичка гимназија („Службен весник на Република Македонија“ брoj 64/2018), Закон за средно полициско училиште („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 258/25 и 79/26), Министерството за образование и наука врши изменување и дополнување на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2026/2027 година во Република Северна Македонија, во делот на број на ученици и тоа:

 

1. Под реден број 3. ДРЖАВНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ-РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА „ЃОРЃИ НАУМОВ“ зборовите „Во прва година ќе се запишат 311 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Сектор Машинство – 152 ученици, 5 паралелки, -техничар за компјутерско управување мак 34 уч. 1 пар.4г.тр. 45 поени минимум“, се заменуваат со зборовите „Во прва година ќе се запишат 302 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Сектор Машинство – 143 ученици, 5 паралелки, -техничар за компјутерско управување*во соработка со компании (Форматика ДООЕЛ Битола, Фурнитех ДООЕЛ Прилеп, Дрвомак ДООЕЛ Битола, РОСТФРЕИМАЈОРИНОХ ДООЕЛ Битола, ВИРОМ ДООЕЛ Битола) мак 25 уч. 1 пар.4г.тр. 45 поени минимум“,

 

2. Под реден број 4. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ТАКИ ДАСКАЛО“ зборовите „Во прва година ќе се запишат 449 ученици во 14 паралелки (381 ученици во 12 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми и 68 ученици во 2 паралеки со настава на албански наставен јазик) за:“ се заменуваат со зборовите „Во прва година ќе се запишат 415 ученици во 13 паралелки (347 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми и 68 ученици во 2 паралеки со настава на албански наставен јазик) за:“,

Во сектор Графичарство, зборовите „графички уредник – дизајнер, мак 34уч. 1 пар.4г.тр 55 поени минимум“, се заменуваат со зборовите „графички техничар*во соработка со компании (Киро Дандаро, М Флекс Мапет, Такец Графика, Лаја 80, Енигма Пласт, МК-Екопак, КС-Графика, Греен Стар) мак 25 уч. 1 пар.4г.тр 45 поени минимум“.

Зборовите „Сектор Земјоделство, рибарство и ветеринарство - 25 ученици, 1 паралелкa, -

агротехничар *во соработка со компании (ЗК Пелагонија АД Битола), мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. со 40 поени минимум“ се бришат.

 

3. По реден број 4. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ТАКИ ДАСКАЛО“, се додава реден број „4-а. СРЕДНО ОПШТИНСКО ЗЕМЈОДЕЛСКО УЧИЛИШТЕ „КУЗМАН ШАПКАРЕВ“ Во прва година ќе се запишат 25 ученици во 1 паралелкa со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Сектор Земјоделство, рибарство и ветеринарство - 25 ученици, 1 паралелка, -агротехничар*во соработка со компании (ЗК Пелагонија АД Битола) мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 40 поени минимум“

 

4. Под реден број 8. ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „БОГДАНЦИ“ зборовите „Во прва година ќе се запишат 134 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:“ се заменуваат со зборовите „Во прва година ќе се запишат 125 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за :“

Зборовите „Гимназиско образование – 34 ученици, 1 паралелка, 60 поени минимум мак 34 уч. 1 пар. “, се бришат.

По Сектор електротехника и информатички технологии се додава сектор Здравство и социјална заштита -25 ученици, 1 паралелка и една алинеја медицинска сестра *во соработка со компании (Општа Болница Гевгелија, Здравствен дом-Валандово, АД „Негорски Бањи“ Негорци, ПЗУ „Ројал Медика 2“ Богданци, Психијатриска болница – Негорци) мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум.

 

5. Под реден број 16. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“ зборовите „Во прва година ќе се запишат 218 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Гимназиско образование 34 ученици 1 паралелка 60 поени минимум, мак 34 уч. 1 пар“, се заменуваат со зборовите „Во прва година ќе се запишат 252 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Гимназиско образование 68 ученици 2 паралелка 60 поени минимум, мак 68 уч. 2 пар.“

 

 

6. Под реден број 19. ОПШТИНСКО СРЕДНО ТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ „ГОСТИВАР“ зборовите „Во прва година ќе се запишат 400 ученици во 16 паралелки (125 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик, 200 ученици во 8 паралелки со настава на албански јазик и 75 ученици во 3 паралелки со настава на турски јазик) според наставни планови и програми за:“, се заменуваат со зборовите „Во прва година ќе се запишат 400 ученици во 16 паралелки (125 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик, 225 ученици во 9 паралелки со настава на албански јазик и 50 ученици во 2 паралелки со настава на турски јазик) според наставни планови и програми за:“ и во Сектор лични и други услуги, зборот „тур“ се заменува со зборот „алб“.

Во Сектор графичарство зборовите по зборовите графички уредник-дизајнер*во соработка со компании“, се додаваат зборовите „(НОМИНО ЛЕД ДООЕЛ)“.

 

7. Под реден број 23. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КРСТЕ ПETКОВ МИСИРКОВ“, зборовите „Во прва година ќе се запишат 50 ученици во 2 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:“ се заменуваат со зборовите „Во прва година ќе се запишат 84 ученици во 3 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:“.

Се додаваат две нови алинеи кои гласат: „Гимназиско образование – 34 ученици, 1 паралелка, 60 поени минимум “, мак 34 уч. 1 пар.

 

8. Под реден број 26. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ГИМНАЗИЈА „ДОБРИ ДАСКАЛОВ“

зборовите „Во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Гимназиско образование 102 ученици, 3 паралелки 60 поени минимум, мак 102 уч.3 пар“, се заменуваат со зборовите „Во прва година ќе се запишат 204 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Гимназиско образование 136 ученици, 4 паралелки 60 поени минимум, мак 136 уч. 4 пар“.

 

9. Под реден број 32. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ГОШО ВИКЕНТИЕВ“ зборовите „Во прва година ќе се запишат 270 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Сектор Машинство - 118 ученици, 4 паралелки“ се заменуваат со зборовите „Во прва година ќе се запишат 261 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Сектор Машинство - 84 ученици, 3 паралелки“.

Во сектор Машинство зборовите „техничар за возила на алтернативен погон мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум“ се бришат.

Во сектор електротехника и информатички технологии, зборовите „Сектор Електротехника и информатички технологии - 118 ученици, 4 паралелки“ се заменуваат со зборовите „Сектор Електротехника и информатички технологии - 143 ученици, 5 паралелки“ и се додава нова алинеја која гласи техничар за индустриска мехатроника*во соработка со компании (Амфенол Технолоџи Македонија) мак, 1 пар. 25 уч. 4 г.тр 55 минимум поени “.

 

10.Под реден број 33. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „МИТКО ПЕНЏУКЛИСКИ“ зборовите „Во прва година ќе се запишат 25 ученици во 1 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за“ се заменуваат со зборовите „Во прва година ќе се запишат 59 ученици во 2 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за Гимназиско образование - 34 ученици, 1 паралелка, 60 поени минимум, мак 34 уч. 1 пар.“

 

11. Под реден број 38. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ПЕРО НАКОВ“, зборовите: „Во прва година ќе се запишат 368 ученици во 14 паралелки (184 ученици во 7 паралелки со настава на македонски јазик и 184 ученици во 7 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:“, се заменуваат со зборовите: „Во прва година ќе се запишат 384 ученици во 15 паралелки (209 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик и 175 ученици во 7 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:“

Во сектор текстил, кожа и слични производи зборовите: „техничар за обувки *во соработка со компании (Каримпекс Шуз) алб, 34уч. 1 пар.4 г.тр. 40 поени минимум“ се заменуваат со зборовите: „техничар за обувки*во соработка со компании (Каримпекс Шуз) алб, 25уч. 1 пар.4 г.тр. 40 поени минимум“ и зборовите: „техничар за моделирање на обувки мак 25 уч.1 пар. 4 г.тр. 40 поени минимум“ , се заменува со зборовите „техничар за дизајн на облека*во соработка со компании (Салса ДОО Куманово) мак 25 уч.1 пар. 4 г.тр. 40 поени минимум“

Во сектор економија, право и трговија зборовите „Сектор Економија, право и трговија – 175 ученици, 7 паралелки“ се заменуваат со зборовите: Сектор Економија, право и трговија – 200 ученици, 8 паралелки“ и зборовите „техничар за е-трговија и дигитален маркетинг*во соработка со компании (Алфи Би Компани, ДПТУ Бучен Козјак, ДПТУ Текоском, Зоки Колор Лукс) мак 25 уч.1 пар.4г.тр. 60 поени минимум“, се заменуваат со зборовите „техничар за е-трговија и дигитален маркетинг*во соработка со компании (Алфи Би Компани, ДПТУ Бучен Козјак, ДПТУ Текоском, Зоки Колор Лукс, ЈП Куманово паркинг, ЈП Водовод Куманово, ВФП Плус консалтинг) мак 50 уч. 2 пар.4г.тр. 60 поени минимум“

 

12. Под реден број 40. ДРЖАВНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ - РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА „КИРО БУРНАЗ“ зборовите „Во прва година ќе се запишат 300 ученици

во 12 паралелки (225 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик, 75 ученици во 3 паралелки со настава на албански јазик според наставни планови и програми за:“, се заменуваат со зборовите „ Во прва година ќе се запишат 325 ученици во 13 паралелки (225 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик, 100 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик според наставни планови и програми за:“

Во Секторот хемија и технологија зборовите „Сектор Хемија и технологија – 50 ученици, 2 паралелки“ се заменуваат со зборовите „Сектор Хемија и технологија – 75 ученици, 3 паралелки“, зборовите „прехранбен техничар*во соработка со компании на македонски наставен јазик се заменуваат со зборовите прехранбен техничар/техничар за козметички и хемиски производи на македонски наставен јазик“ и по првата алинеја се додава нова алинеја прехранбен техничар*во соработка со компании (ДПТУ Бучен Козјак, БДА Кланица Компани, Мусли Јуниор, Кејк Бејз ДООЕЛ) алб 25уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум“

 

13. Под реден број 43. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“, зборовите „Во прва година ќе се запишат 59 ученици во 2 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:“, се заменуваат со зборовите „Во прва година ќе се запишат 84 ученици во 3 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:“ и по сектор машинство се додаваат две нови алинеи сектор угостителство и туризам 25 уч. 1 пар. и

-угостителски техничар за рурален туризам*во соработка со компании (Ресторан Чардак, Мотел Извор с.Манастирец) мак. 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум.

 

14. Под реден број 46. ОПШТИНСКО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ зборовите „Во прва година ќе се запишат 136 ученици во 4 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Гимназиско образование - 136 ученици, 4 паралелки, 60 поени минимум, мак 136 уч. 4 пар. “ се заменуваат со зборовите „Во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Гимназиско образование - 170 ученици, 5 паралелки, 60 поени минимум, мак 170 уч. 5 пар. “

 

15. Под реден број 56. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „КОСТА СУСИНОВ“, зборовите „Во прва година ќе се запишат 245 ученици во 8 паралелки (211 ученици во 6 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на турски јазик) според наставни планови и програми за: Гимназиско образование – 102 ученици, 3 паралелки, минимум 60 поени, мак 68 уч. 2 пар.“ се заменуваат со зборовите „Во прва година ќе се запишат 279 ученици во 9 паралелки (245 ученици во 7 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на турски јазик) според наставни планови и програми за: Гимназиско образование – 136 ученици, 4 паралелки, минимум 60 поени, мак 102 уч. 3 пар“

 

16. Под реден број 77. СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ зборовите „Во прва година ќе се запишат 345 ученици во 12 паралелки (184 ученици во 7 паралелки со настава на македонски јазик, 127 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик и 34 ученици во 1 паралелка на турски јазик) според наставни планови и програми за:“ се заменуваат со зборовите „Во прва година ќе се запишат 370 ученици во 13 паралелки (209 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик, 127 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик и 34 ученици во 1 паралелка на турски јазик) според наставни планови и програми за:“

Зборовите „Сектор Хемија и технологија - 59 ученици, 2 паралелки“ се заменуваат со зборовите „Сектор Хемија и технологија - 84 ученици, 3 паралелки“ и се додава нова алинеја месопреработувач*во соработка со компании (ГАРЧЕ 2016 ДОО, Месарница Компанија Петковски ДООЕЛ, ДПТУ РЕПТИЛ ДООЕЛ Скопје) мак. 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 30 поени минимум.

 

17. Под реден број 69. СРЕДНО ЕКОНОМСКО-ПРАВНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ВАСИЛ

АНТЕВСКИ ДРЕН“ во Сектор Економија, право и трговија зборовите „правен техничар македонско-француска билингвална“ се заменуваат со зборовите „правен техничар (франкофонска двојазична)“

 

18. Под реден број 76. СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ во Сектор Електротехника и информатички технологии, електротехничар за компјутерска техника и автоматика зборовите „минимум поени 55“се заменуваат со зборовите „минимум поени 60“.

 

19. Под реден број 79. СРЕДНО ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ „МИХАЈЛО ПУПИН“ во Сектор Електротехника и информатички технологии, електротехничар за компјутерска техника и автоматика зборовите „минимум поени 55“ се заменуваат со зборовите „минимум поени 60“.

 

20. Под реден број 95. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ГИМНАЗИЈА „КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ“ зборовите „Во прва година ќе се запишат 476 ученици во 14 паралелки (68 ученици во 2 паралелки со настава на македонски јазик и 408 ученици во 12 паралелки со настава на албански јазик) според наставни планови и програми за: Гимназиско образование – 476 ученици, 14 паралелки, 60 поени минимум“ мак 68 уч. 2 пар.“, се заменуваат со зборовите: „Во прва година ќе се запишат 510 ученици во 15 паралелки (102 ученици во 3 паралелки со настава на македонски јазик и 408 ученици во 12 паралелки со настава на албански јазик) според наставни планови и програми за: Гимназиско образование – 510 ученици, 15 паралелки, 60 поени минимум, мак 102 уч. 3 пар.“

 

21. Под реден број 96. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ – ВТОРА ГИМНАЗИЈА „7 МАРТ“ зборовите „Во прва година ќе се запишат 136 ученици во 4 паралелки со настава на албански јазик) според наставни планови и програми за: Гимназиско образование – 136 ученици, 4 паралелки, 60 поени минимум“, се заменуваат со зборовите „Во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки со настава на албански јазик) според наставни планови и програми за: Гимназиско образование – 170 ученици, 5 паралелки, 60 поени минимум“

 

22. Под реден број 100. ДРЖАВНО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ - РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ И ОБУКА „МОША ПИЈАДЕ“, зборовите „ Во прва година ќе се запишат 710 ученици во 23 паралелки (279 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик и 431 ученици во 14 паралелки со настава на албански јазик) според наставни планови и програми за: Сектор Сообраќај, транспорт и складирање - 93 ученици, 3 паралелки “ се заменуваат со зборовите: „Во прва година ќе се запишат 692 ученици во 23 паралелки (261 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик и 431 ученици во 14 паралелки со настава на албански јазик) според наставни планови и програми за: Сектор Сообраќај, транспорт и складирање - 84 ученици, 3 паралелки “ Зборовите „техничар за патен сообраќај“ се заменуваат со техничар за „патен сообраќај/техничар за транспорт и шпедиција * во соработка со компании (АВТО СТАР ПЛУС/ЕУРО-ШПЕД-2002) мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55/60 поени минимум“

Во Сектор машинство зборовите „Сектор Машинство - 211 ученици, 7 паралелки“ се заменуваат со зборовите „Сектор Машинство - 202 ученици, 7 паралелки“, зборовите „Техничар за производно машинство/техничар за компјутерско управување мак. 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55/45 минимум поени се заменуваат со „Техничар за производно машинство/машински техничар за моторни возила* во соработка со компании (КИЕЛ Македонија/Автодијагностика НМЃ, Спектрум сервис, Роби-ком) мак. 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 55/45 минимум поени“ и зборовите „техничар за возила на алтернативен погон/машинско енергетски техничар алб. 34 уч. 4 г.тр. 45 минимум поени“ се заменуваат со зборовите „машински техничар за моторни возила/ машинско енергетски техничар алб. 34 уч. 4 г.тр. 45 минимум поени“

 

23. Под реден број 103. СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ ГИМНАЗИЈА „СЛАВЧО СТОЈМЕНСКИ“ зборовите „ Во прва година ќе се запишат 136 ученици во 4 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Гимназиско образование - 136 ученици, 4 паралелки, 60 поени минимум“ се заменуваат со зборовите зборовите „Во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за: Гимназиско образование - 170 ученици, 5 паралелки, 60 поени минимум“

 

24. Во поглавјето Паралелки во состав на јавните средни училишта кои се надвор од седиштето, во вториот став Паралелки во состав на државното средно училиште - Спортска академија се додаваат нови алинеи:

СОУ„Мирче Ацев“-Прилеп, фудбал

СОУ Гимназија „Кочо Рацин“-Велес, фудбал

СОЗУ„Ѓорче Петров“-Кавадарци, кошарка

ДСУРЦСОО„Моша Пијаде“-Тетово, фудбал

 

25. Во поглавјето Услови за запишување и критериуми за избор на ученици, во делот Критериуми за избор на учениците, зборовите „диплома за освоено I, II или III место на меѓународен натпревар, како и освоено прво место на државен натпревар, организиран од акредитирани здруженија на наставници за реализација на натпревари во основно образование од страна на Министерство за образование и наука“, се заменуваат со зборовите „диплома за освоено I, II или III место на меѓународен натпревар, како и освоено I, II или III место на државен натпревар, организиран од акредитирани здруженија на наставници за реализација на натпревари во основно образование од страна на Министерство за образование и наука“ како и зборовите „За освоено прво место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за реализација на натпревари во основно образование од страна на Министерство за образование и наука, ученикот може да добие 3 поени“, се заменуваат со зборовите „За освоено прво, второ или трето место на државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за реализација на натпревари во основно образование од страна на Министерство за образование и наука, ученикот може да добие 3, 2 или 1 поен соодветно.

 

26.Во поглавјето Конкурсни рокови зборовите „Uslugi.gov.mk“ се заменуваат со зборовите „https://e-uslugi.mon.gov.mk/“.

Мени за пристапност