Врз основа на член 12 став (2) од Законот за учебници во основно и средно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 3/25 и 74/25) Министерството за образование и наука – Педагошка служба, го донесе следното
Решение
за изменување на Конкурсот за учебник во гимназиско образование заверен под арх.бр. 26-244/1 од 23.02.2026 година
1. Во Конкурсот за учебник во гимназиско образование заверен под арх.бр.26-244/1 од 23.02.2026 година, во точка 2.1 рокот за доставување на ракописи за издавање на учебник предвиден до 27.04.2026 година се менува и гласи заклучно со 12.05.2026 година.
2. Понудите за учебник кои нема да бидат доставени во утврдениот рок ќе бидат одбиени/отфрлени.
3. Ова Решение стапува на сила со неговото донесување.
Правна поука: Против ова Решение може да се поднесе жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од денот на приемот на Решението.