Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. Документот може да се најде на следниот линк.
Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни чинители - Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, ЕТФ, Стопанската комора, Швајцарската амбасада, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, универзитетски професори, невладин сектор. Работната група ја сочинуваа над 100 членови номинирани од клучните засегнати страни, беа организирани 4 национални конференции со повеќе од 500 учесници, а од страна на ангажираните експерти беа спроведени консултации со над 5000 испитаници.
Документот става фокус на развој на нова програма за предучилишно образование, инклузија во основното и средното образование, примена на нови формули за финансирање на училиштата, подобрување на инфраструктурата, оптимизација на училишната мрежа и воведување на едносменска работа, примена на нов концепт на матура, развој и промоција на неформалното образование и нова законска регулатива во високото и науката.