Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сулејмани: Го јакнеме стручното образование за да го намалиме јазот меѓу вештините и реалните потреби на економијата

Сулејмани: Го јакнеме стручното образование за да го намалиме јазот меѓу вештините и реалните потреби на економијата

Глобалните предизвици во развојот на вештините и реформите што ги спроведува Македонија за градење образовен систем кој одговара на потребите на пазарот на трудот, технолошкиот развој, демографските промени и зелената транзиција беа теми на кои разговараа заменик министерот за образование и наука Дритон Сулејмани и директорката на Европската фондација за обука (ЕТФ), Пилви Торсти на Глобалниот самит за вештини 2026 (Torino Global Skills Summit), кој се одржува во Торино, Италија.

На средбата, Сулејмани ја нагласи важноста на јакнењето на стручното образование и обука и на проширувањето на дуалното образование, во кое денес се вклучени над 1.000 компании.

„Работиме на унапредување на регионалните центри за стручно образование и обука, јакнење на кариерното насочување и промовирање на доживотното учење. Со цел да се намали јазот меѓу вештините што ги стекнуваат младите и реалните потреби на економијата, посебно внимание посветуваме на соработката меѓу образовните институции и бизнис-секторот“.

Соработката со Европската фондација за обука и меѓународните партнери останува од особено значење за унапредувањето на образовните реформи и забрзувањето на процесот на европска интеграција на Македонија. Нашата цел е да изградиме образовен систем кој не само што одговара на предизвиците на сегашноста, туку и ги подготвува младите генерации за можностите и професиите на иднината.

Мени за пристапност