Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Соопштение за автори на учебници

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува авторите дека ќе се изврши отварање на дел од шифрите по Конкурс за издавање на учебници  за  4-та година средно стручно четиригодишно образование  за предметот:

 

1.Промоција и активна продажба (изборен) за 4-та година СТРУКА/СЕКТОР: УГОСТИТЕЛСКО-ТУРИСТИЧКА/УГОСТИТЕЛСТВО И ТУРИЗАМ Образовен профил/квалификација: Угостителски техничар за средно стручно четиригодишно образование.

 

Отварањето на шифрите за горе наведениот наставен предмет  ќе се изврши во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба  ул. „Св. Кирил и Методиј„ бр. 54 - 13 кат на 24.09.2025 година (СРЕДА) со почеток во 11.00 часот.

Мени за пристапност