Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува авторите дека ќе се изврши отварање на дел од шифрите од Конкурсот за издавање на учебници за II година средно стручно четиригодишно образование за следните предмети:
1. Управување со примероци и евидентирање резултати за II година СТРУКА/СЕКТОР:ХЕМИСКО ТЕХНОЛОШКА Образовни профили/квалификации: Хемиски лабараториски техничар и Техничар за заштита на животната средина.
2. Технички софтверски алатки за II година СТРУКА/СЕКТОР: ЕЛЕКТРОТЕХНИЧКА/ЕЛЕКТРОТЕХНИКА Образовен профил/квалификација: Електротехничар за електроника и телекомуникации.
Отварањето на шифрите за горенаведените наставни предмети ќе се изврши во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба ул.„Св.Кирил и Методиј„ бр.54 - 13 кат на 01.04.2026 година (СРЕДА) со почеток во 11 часот.