Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

МОН: со нов закон системски е решено прашањето за учебниците кои недостасуваа во време на претходната Влада

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

 

Актуелното раководство на Министерството за образование и наука со нов Закон за учебници, изработен заедно со сите засегнати чинители во одобрувањето, изработката и испораката на учебници во основното и средното образование го реши предизвикот кој четири министри на претходната Влада не успеаја да го надминат.

 

Оваа учебна година има учебници за сите ученици и испораката е веќе завршена. Целосно нови учебници има во седмо одделение во основното образование и во прва година во средно гимназиско образование, поради примената на нови наставни програми. За прв пат, по цели седум години нови учебници има и по сите странски јазици. Изработката на нови наставни програми и учебници ќе продолжи и во следните учебни години, како дел од планот за етапна реформа на националниот образовен систем.

 

Целиот тираж кој беше побаран од училиштата е испечатен и испорачан. Дополнително, на училиштата и учениците покрај печатените учебници, како опција на располагање им се и електронските верзии на истите тие одобрени учебници. Така што, залудни се обидите на политичката партија СДСМ со невистини да се обидува да го девалвира трудот и посветеноста кон учениците и обезбедувањето на услови за квалитетна настава.

 

Помина времето на негрижа кон образовниот систем, учениците, наставниците и родителите. Промените се случуваат, а ефектот ќе се огледа преку новите генерации кои ќе располагаат со поконкурентни знаења и потребните вештини за успех.

 

Мени за пристапност