Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јаневска: со конкретни политики и мерки ја подигнуваме инклузивноста на образовниот систем

Јаневска: со конкретни политики и мерки ја подигнуваме инклузивноста на образовниот систем

 

Сите сме одговорни за подигнување на инклузивност на образованието, а Владата спроведува конкретни и ефективни политики кои во иднина постојано ќе се надградуваат. Годинава со најголем број образовни асистенти, околу 1500 во сите училишта низ државата, создаваме еднакви можности за учење и развој за сите млади.

 

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска за време на денешната посета на средното училиште со ресурсен центар „Димитар Влахов“ во Кисела Вода, каде заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски на учениците им доделија училишни униформи и ранци. 

 

„Децата од ова училиште од денес имаат униформи и ранци, како и сите останати ученици на територијата на општина Кисела Вода. Убав гест на градоначалникот Ѓорѓиевски кој даде ветување и истото го исполни, за што искрено му благодарам. Тоа се наши деца, еднакви со сите останати и така и треба да бидат третирани“, рече Јаневска. 

 

Министерката посочи дека со законски измени “Димитар Влахов“ се трансформираше во средно училиште со ресурсен центар од 1 септември годинава и дека одлично ја извршува својата функција. Покрај организирањето на воспитно – образовниот процес за 42 ученика во самото училиште, обезбедува и образовна асистенција во други училишта на територијата на Скопје и околината каде има ученици со оштетен вид.

Мени за пристапност