Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Рокот за продолжување на правото на студентска стипендија е до 30 октомври 2025 година

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Се известуваат сите корисници на правото на студенстка стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, дека рокот за аплицирање почнува од 01.10.2025 и трае до 30.10.2025 година.

Корисникот на стипендија треба на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk да прикачи потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање, уверение со положени испити ( кое го издава факултетот) и уверение за предвидени и положени испити (УППИ) образец со успех од претходните години (го полнува и заверува факултетот) и индекс (од прв запишан семестар до последен заверен семестар) како доказ дека има положено 80%, односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех при студирањето, согласно договорот / решението за доделување на стипендијата.

За било каква информација или прашање обратете се на електронската адреса studentskii.stipendii@mon.gov.mk .

Мени за пристапност