Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Ивановска: Ја раздвиживме науката, која во минатото беше запоставена

Ивановска: Ја раздвиживме науката, која во минатото беше запоставена

Крајот на едно истражување не претставува само формално заокружување на определен научен процес, туку тоа нуди можност за критичка евалуација на постигнатите резултати, затворање на одредени прашања и утврдување на насоки за идни истражувања.

Ова го истакна Елена Ивановска, државен секретар во Министерството за образование и наука на денешната конференција на Институтот за национална историја, организирана по повод заокружување на проектот „Извори на историјата во Македонија - тематска целина религија“.

Истражувањето кое беше спроведено од страна на Институтот за национална историја, е посветено на историските аспекти на религијата и нејзиното значење во општествениот, културниот и духовниот развој на нашиот народ.

- Вие историчарите и натаму ќе имате многу работа, од која знам дека не се плашите и дека ќе продолжите да се заложувате за максимално ефективно да ја извршувате, а ние како институции, зборувам за Министерството за образование и наука и за Владата, се разбира дека ќе продолжиме да Ве поддржуваме. Горди сме на Вас, затоа што ја пренесувате на светот вистинската историска рамка за постоењето на Македонија и македонскиот народ, изјави Ивановска.

Таа, напомена, дека минатата 2025 година беа финансирани 50-тина научно-истражувачки проекти од јавен интерес, на јавните научни и високообразовни установи, на Македонската академија на науките и уметностите и на бизнис заедницата во вкупна вредност од 6 милиони евра, а меѓу нив е овој проект на Институтот за национална историја е еден од нив.

- Убедена сум дека направивме добра работа. Ја раздвиживме науката, која во минатото беше запоставена. Ги стимулиравме нашите истражувачи и научни работници и така - заедно придонесуваме за развојот на научно – истражувачката мисла во Македонија. Пари за наука и понатаму ќе има, затоа што сме свесни дека без наука и образование, нема ниту развој на државата, додаде државниот секретар Ивановска.

Мени за пристапност