Министерството за образование и наука информира дека е објавен Конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2026-2027 година и истиот може да се погледне на следниот линк.
Конкурсот предвидува над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата, од кои, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6000 во гимназиското и 570 во уметничкото образование.
Пријавувањето на учениците ќе се врши електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици преку сопствените кориснички сметки на schools.mk, по што, потребната документација се доставува до училиштата.
Во јунскиот уписен рок има две пријавувања – првото од 12 до 15 јуни и второто на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок има едно пријавување кое ќе се реализира на 20 август.