Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Научно-истражувачки проект „Анализа на природни изотопи во врнежи, површински и подземни води“

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

На Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје успешно e реализиран научно-истражувачкиот проект „Анализа на природни изотопи во врнежи, површински и подземни води“, финансиски поддржан од Министерството за образование и наука.

Во рамките на проектот e воспоставена мониторинг-мрежа за врнежи, површински и подземни води, спроведени се теренски и лабораториски испитувања и се анализирани стабилните изотопи на водородот и кислородот, со што се даде значаен придонес кон подобро разбирање на хидролошките процеси и управувањето со водните ресурси.

Како дел од проектните активности, се одржани стручни работилници со учество на поканети меѓународни експерти, на кои се презентирани реализираните активности и добиените резултати од проектот, како и придонесот и можностите за примена на изотопската хидрологија во истражувањето и управувањето со водните ресурси. Работилниците овозможија размена на научни сознанија и стручни искуства, зајакнување на истражувачките капацитети и унапредување на меѓународната соработка.

Со успешната реализација на проектот е направен значаен чекор кон развојот на изотопската хидрологија во Македонија и зајакнувањето на меѓународните научно-истражувачки односи.

 

Мени за пристапност