Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јавна презентација на научно-истражувачкиот проект на ЈНУ Хидробиолошки завод

Јавна презентација на научно-истражувачкиот проект на ЈНУ Хидробиолошки завод

На 13.11.2026 година, ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид одржа јавна презентација на резултатите од научно-истражувачкиот проект „Лимнолошки истражувања на Охридското Езеро“, финансиран од Министерството за образование и наука.

Беа презентирани резултатите од истражувањата во повеќе научни области, опфаќајќи ги физичко-хемиските карактеристики на водата, планктонските заедници, хидроботаниката, микробиологијата, паразитофауната и рибната фауна. Посебен акцент беше ставен на еколошката состојба на езерото, следењето на инвазивните видови риби и нивното влијание врз автохтоната фауна.

Како значаен практичен резултат беше истакнат и успешниот обид за вештачки мрест на летната форма на охридската пастрмка, кој отвора нови можности за истражувања и заштита на овој ендемичен вид.

Презентираните резултати претставуваат важна научна основа за континуирано следење, одржливо управување и долгорочна заштита на Охридското Езеро.

Зачувувањето на Охридското Езеро е заедничка одговорност и бара континуирана научна посветеност.

Мени за пристапност