Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

На Природно-математичкиот факултет на УКИМ презентирани три научно-истражувачки проекти финансирани од МОН

На Природно-математичкиот факултет на УКИМ презентирани три научно-истражувачки проекти финансирани од МОН

На Природно -математичкиот факултет на УКИМ - Скопје, на 26.11.2026, беа јавно презентирани три научно-истражувачки проекти финансирани од Министерството за образование и наука :

Наноматеријали со контролирана структурна и хемиска несреденост и прилагодливи својства          раководител на проектот  проф. д-р  Билјана Пејова

Реализацијата на проектот овозможи  стекнување значајни нови научни сознанија за синтезата, структурните карактеристики и функционалните својаства на различни наноструктурни материјали и  продлабочување на фундаметалното разбирање на врската меѓу составот, структурата и функционалните својства на наноматеријалите и обезбедување на научна основа за нивна потенцијална примена во сензориката,фотокатализата,оптоелектрониката  и мониторингот  на животната средина.

Преспанското езеро на работ на изчезнување–биолошки одговори кон климатските промени и антропогеното влијание        раководител на проектот   проф. д-р  Златко  Левков

 Реализацијата на проекот  придонесува кон подлабоко разбирање на ефектите од антропогените притисоци и климатските промени врз езерскиот екосистем, како и за креирање на адаптивни политики за одржливо управување со природните ресурси засновани на научни податоци. 

Мапирање на потенцијални  геохазарди со посебен акцент на сеизмолошките податоци     раководител на проектот проф. д-р Катерина Дрогрешка

Реализацијата на проектот овозможува значајни научни сознанија и резултати кои преставуваат значен придонес  кон унапредувањето на сеизмолошките истражувања,идентификација  и мапирање на потенцијалните геохазарди,како и развој на интегриран пристап за проучување на сеизмичките опасности и нивните последици врз природната средина.

 

Мени за пристапност