Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

На ЕНЕР објавен пакетот закони за високо образование и наука – верзии произлезени од широка дебата со академската заедница и експертската јавност

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Министерството за образование и наука информира дека на владиниот ЕНЕР систем се објавени нацрт верзиите на Предлог законот за високо образование, Предлог законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката и Предлог законот за научно – истражувачка дејност, во кои се интегрирани сите конструктивни и прифатливи предлози на академската заедница и експертската јавност, изнесени на организираните јавни дебати, бројните состаноци, отворените електронски адреси и преку ЕНЕР системот.

Претстои усогласување на предлог законските решенија со останатите засегнати институции и тела и по усвојување од страна на Владата, следува собраниска процедура на усвојување.

Министерството за образование и наука изразува благодарност до сите чинители кои дадоа придонес во изработката на најдобрите верзии на новите законски решенија кои се одговор на повеќегодишниот пад на квалитетот на високото образование и неактивноста на науката во Македонија, но и одговор на потребите на новото време. Грижата за образованието останува наша заедничка, општествена одговорност.

Мени за пристапност