Вкупно 25 училишта низ земјата, од кои 18 основни и седум средни, добија финансиска поддршка од Министерството за образование и наука за реализација на програми насочени кон заштита на учениците во учебната 2025/2026 година.
Поддржаните активности се фокусирани на превенција од врсничко насилство и дискриминација, како и спречување на злоупотреба на алкохол, дрога и игри на среќа. Целта е да се зајакне безбедноста и инклузивноста во училишната средина.
Резултатите од јавниот повик за добиен грант за основни училишта се на следниот линк, а резултатите за добиен грант за средни училишта на следниот линк .