Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонија и Турција ќе потпишат договор за соработка во образованието и науката

Македонија и Турција ќе потпишат договор за соработка во образованието и науката

Македонија и Турција ќе ја продлабочат меѓусебната соработка во областите на образованието, науката, технологијата и иновациите. Наскоро ќе биде потпишан Протокол за соработка кој ќе содржи конкретни активности што двете држави ќе ги реализираат заеднички.

На денешната средба меѓу претставници на Министерството за образование и наука на Македонија, предводени од заменик-министерот проф. д-р Лулзим Алиу, и делегација од Министерството за национално образование на Турција, предводена од Унал Ерјилмаз – генерален директор за ЕУ и надворешни односи, се дискутираше за дефинирање на одредбите во протоколот.

Двете страни ги презентираа своите интереси и приоритети, а се очекува документот да биде подготвен и усвоен до крајот на годината.

 

Мени за пристапност