Врз основа на член 34 од Законот за образование на возрасни (,,Службен весник на РСМ.” бр.3/2025), ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за заинтересирани Регионални центри за стручно образовани и обука за акредитација на понудувачите на услуги за валидација
- Предмет на Јавниот повик:
Со овој јавен повик се повикуваат Регионалните центри за стручно образовани и обука да се пријават за акредитација на понудувач на услугa за валидација за квалификациите:
- Производител на млечни производи,
- Администратор на веб страница,
- Управувач со трактор,
- Изработувач на пица,
- Бариста и
- Пчелар
- Услови
Понудувачот на услугa за валидација може да го спроведува процесот на валидација доколку има простор, опрема и кадар соодветен за спроведување на процесот на валидација за конкретната квалификација, за што поднесува барање за акредитација на понудувачи на услуги за валидација до Центарот.
Кон барањето за акредитација на понудувач на услуга за валидација, се доставуваат следните документи:
– решение за акредитација за валидација на јавна установа за основно или средно образование,
-доказ за регистрирана дејност,
-елаборат на установата,
-податоци за простор и опрема за соодветната квалификација за валидација,
-податоци за вработено/ангажирано лице од редот на лицата запишани во Каталогот за сертифицирани советници за валидација,
-податоци за вработено/ангажирано лице од редот на лицата запишани во Каталогот за сертифицирани проценувачи за валидација, за соодветна квалификација,
-статут на установата,
-изјава за безбедност за секое работно место согласно потребите на соодветната квалификација и
-уплатница за извршена уплата на трошоците за проверка на исполнетоста на условите за акредитација на сметка на Центарот за образование на возрасните.
- Трошоци
Трошоците за акредитација на понудувач на услугa за валидација изнесува 15.000,00 денари.
Надоместокот се уплаќа на следната трансакциска сметка на Јавната установа Центар за образование на возрасни:
Назив на примач: ЈУ Центар за образование на возрасни
Сметка на корисник: 160016142578719
Приходна шифра: 723119 програма 33
Назнака: надоместок за акредитација на понудувач на услугa за валидација
4. Времетраење на јавниот повик
Јавниот повик трае 10 (десет) дена од денот на неговото објавување на интернет страницата на Центарот https://www.cov.gov.mk/ и Министерство за образование и наука
Пријавите се доставуваат најдоцна до 27.02.2026 година, на следната адреса:
До ЈУ Центар за образование на возрасните – Скопје ул. Димитрие Чуповски бр.13 Скопје или во арихва на институцијата