Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Инфо настан за ЕУ програмите Хоризонт Европа, СОЅТ (European Cooperation in Science and Technology) и CEEPUS

Инфо настан за ЕУ програмите Хоризонт Европа, СОЅТ (European Cooperation in Science and Technology) и CEEPUS

 

На ден 17.02.2026 година, на Факултет за биотехнички науки – Битола се одржа информативен настан во организација на Центар за научно-истражувачка работа при Факултетот за биотехнички науки – Битола и Министерството за образование и наука. Настанот имаше за цел да ги запознае наставниот кадар, соработниците и студентите со можностите што ги нудат меѓународните програми за мобилност и научно-истражувачка соработка.

На овој инфо настан Националниот координатор на Хоризонт Европа, Ксенија Хаџи Тошева Аврамчева, СОЅТ Националниот координатор, Александар Тутновски и контакт лицето за програмата CEEPUS, Олга дуковска-Атов, одржаа презентации и подетално ги образложија можностите што ги нудат овие програмити. Присутните имаа можност да се информираат за условите за аплицирање, начинот на вклучување во меѓународни мрежи, како и за придобивките од учество во европски истражувачки и образовни проекти.

На настанот присуствуваа и ректорот на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Игор Неделковски, деканката на Факултетот за биотехнички науки, проф. д-р Елена Јошевска како и директорката на Кредо Центар, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска. Тие ја истакнаа важноста од интензивирање на научно-истражувачката работа и продлабочување на меѓународната соработка како клучен фактор за унапредување на квалитетот на високото образование и научните достигнувања.

Во конструктивна атмосфера со активна дискусија и интерес од страна на присутните, беа поставени и одговорени бројни прашања поврзани со процедурите за аплицирање и можностите за партнерства.

Доколку сакате и во вашата институција да се одржи ваков информативен настан, контактирајте го СОЅТ Националниот координатор, Александар Тутновски.

Е-маил: аleksandar.tutnovski@mon.gov.mk

Тел. 076 485 053

Мени за пристапност