Врз основа на член 33 став (2) и член 60 став (2) од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 161/19), Министерството за образование и наука објавува
ЈАВЕН ПОВИК
до наставниците во Општинското средно училиште „Втора гимназија 7 ми Марси“ – Тетово
за доставување на барања за напредување во звање наставник-ментор
1. Јавниот повик се објавува согласно член 33 став (2) и член 60 став (2) од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 161/19), а врз основа на Одлуката за давање согласност на Решението за изменување и дополнување на Решението за определување на бројот на наставници и бројот на стручни соработници во средните училишта кои можат да се стекнат со звање наставник-ментор, односно стручен соработник-ментор („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 270/25)
2. Бројот на наставници кои може да се стекнат со звање наставник-ментор, во ОСУ Втора гимназија 7 ми Марси - Тетово се определува, и тоа:
|
ред.бр. |
општина |
училиште |
број на наставници-ментори |
|
1 |
Тетово |
ОСУ „Втора гимназија 7 ми Марси“ |
1 |
3. Наставник може да поднесе барање за напредување во звање наставник-ментор доколку:
-има најмалку седум години работно искуство како наставник,
-е вработен на неопределено работно време и
-ги исполнува професионалните стандарди за наставник-ментор.
4. Барањето за напредување во звање наставник-ментор се доставува до Министерството за образование и наука преку електронска апликација на интернет страницата на Министерството на следниот линк karierenrazvoj.mon.gov.mk
5. Барањето од точката 4 се пополнува на електронската апликација на интернет страницата на Министерството за образование и наука karierenrazvoj.mon.gov.mk и ги содржи следниве податоци:
- име и презиме на подносителот на барање;
- училиште во кое работи и општина;
- работно место на кое е вработен на неопределено работно време (доказ: решение/нија за распоредување на работно место);
- звање за кое аплицира;
- работно искуство (доказ: извештај од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија за остварен работен стаж на наставникот);
- вид на стекнато образование (доказ: диплома или уверение за завршено соодветно образование или копија заверена на нотар);
- обуки, научно-стручни конференции, конгреси, симпозиуми, авторство, учество во активности за подобрување на наставата и награди и признанија;
- професионална пракса за стекнати компетенции.
6. Подносителот на барањето приложува соодветни докази, во електронска форма во електронската апликација https://karierenrazvoj.mon.gov.mk на интернет страницата на Министерството за образование и наука за податоците од точка 5 алинеи 3, 5, 6, 7 и 8.
7. Ако барањето од точката 4 и 5 е доставено без комплетната документација, подносителот на барањето се известува и е должен да ја комплетира документацијата во рок од седум дена од денот на приемот на известувањето.
8.Барањето за напредување во звање наставник-ментор се поднесува најдоцна до 23 јануари 2026 година. Секое барање поднесено по овој датум нема да се разгледува и рангира.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА