Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Честитка од МОН со желби за среќна и успешна 2026 година!

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Министерката Весна Јаневска и вработените во Министерството за образование и наука на учениците, студентите, наставниците, професорите, стручните соработници, родителите и на сите кои посветено работат за подобро и поквалитетно образование, им се заблагодаруваат за ангажманот во 2025 година и им посакуваат уште подобри резултати во Новата 2026.

Нашите ученици и студенти се радоста и гордоста на оваа земја. Тие го заслужуваат секој наш напор за да научат повеќе, да стекнат корисни вештини и животни способности што ќе им овозможат да бидат самостојни, креативни и одговорни граѓани. За сите нив, во годинава што изминува, ја зголемивме и зајакнавме поддршката, создавајќи услови за вклучување во образование на што повеќе деца, согласно нивните можности. Со поддршка од граѓанскиот сектор воведовме формално основно образование за децата кои се на подолгорочно лекување, а особена грижа беше посветена и на учениците со посебни образовни потреби.

Обезбедивме нови учебници и нови наставни програми во повеќе одделенија. Се изработија повеќе стратешки документи кои го трасираат натамошниот пат на развој на образовната и научната сфера.

Направивме исчекор во дигитализацијата во образованието и услугите. За да ги користиме новите технологии како алатка за знаење, без опасности, промовиравме Водич за вештачка интелигенција, изработен со голема поддршка од академската фела. Ги подобривме инфраструктурните услови, вложувајќи подеднакво во сите региони на државата. Нови училишта, реконструирани објекти, нови спортски сали, а наскоро и реконструирани државни студентски домови.

Науката стана приоритетна област во која се вложија најмногу средства досега, за поддршка на реализацијата на проекти од национален интерес.

Нашите наставници и професори добија повисоки плати, им отворивме нови можности за кариерен развој, ги унапредивме обуките, сé со цел што поуспешно магијата на знаењето да ја оживеат во училниците и предавалните и да ја споделат со младите.

Продолжуваме и во 2026та.

Со желби за здравје, успех и благосостојба, посакуваме Новата 2026 година - да биде година на знаење, надеж и заедништво.

Мени за пристапност