Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јаневска: во политиките на МОН приоритетни се интересите на децата

Јаневска: во политиките на МОН приоритетни се интересите на децата

Во 7 години владеење на СДСМ и ДУИ бројот на ученици е намален за 17 илјади. Затоа сега е неопходна оптимизација на училишната мрежа. Имаме многу подрачни училишта со по две-три деца кои ниту се социјализираат, ниту имаат можност да се натпреваруваат со другарчиња, ниту применуваат современа технологија бидејќи во училиштето ја нема. Тие треба да се приклучат кон најблиските поголеми училишта и да имаат поквалитетен воспитно – образовен процес. Тоа е од нивен интерес, а нивните интереси се приоритетни во политиките на МОН. Притоа, потенцирам, ниеден наставник нема да ја изгуби работата. 

 

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието во врска со оптимизацијата на училишната мрежа и шпекулациите за наводно отпуштање на наставници.

 

„Во изминатите две години од мандатот на Владата ниту еден наставник не е отпуштен од работа и нема да биде ниту во периодот што следи. На сите им даваме можност да ги надополнат часовите кои им недостасуваат, преку дополнителна работа со талентирани ученици или со ученици кои заостануваат во реализацијата на наставните програми, преку дополнителни наставни и воннаставни активности, водење разни секции и слично“, рече Јаневска.

 

Ова, како што нагласи, се прави и заради потребата, децата подолго да остануваат на училиште, со оглед дека имаат многу помалку часови од европскиот просек.

 

„Учениците во Македонија поминуваат 6.816 часа на училиште до 14 годишна возраст, а просекот во земјите членки на ОЕЦД е 7.775 часа. Се бориме да го достигнеме овој процес и нашите ученици да не бидат последни на ПИСА тестирањата.

 

Одговарајќи на прашање до каде е изградбата на основното училиште во тетовското село Селце, Јаневска рече дека тој објект е изграден во време на претходната Влада, но не целосно, односно не биле предвидени средства за фасада, партерно уредување и поставување на потпорен ѕид на една од страните каде постои ризик од свлечиште. 

 

„Жалам што е така, но ние сме одговорна Влада и ќе го завршиме. За да не се уништуваат вложените средства, како во ФИНКИ и ФФК кои со години пропаѓаа и претходната владина гарнитура не сакаше да ги доизгради “, рече Јаневска.

Мени за пристапност