На седницата на Економско-социјалниот совет, одржана на 16 јули, заменик министерот за образование и наука Дритон Сулејмани ги презентираше двете значајни реформи во областа на високото образование: Законот за високото образование и Законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката, кои се во собраниска процедура.
Пред членовите на Советот беше нагласена важноста од донесувањето и стапувањето во сила на овие закони, кои ќе создадат поквалитетен, потранспарентен и поконкурентен систем на високо образование, усогласен со европските стандарди.
Квалитетното високо образование не е само инвестиција во знаењето, туку и инвестиција во економскиот развој на државата. Овие реформи ќе овозможат подготовка на кадар кој ќе одговори на реалните потреби на пазарот на труд, ќе ја зајакнат соработката меѓу универзитетите и приватниот сектор, ќе ги поттикнат научно-истражувачката дејност и иновациите, како и зголемувањето на конкурентноста на нашата економија.
Членовите на Економско-социјалниот совет водеа конструктивната дискусија и ги поддржаа реформите кои имаат за цел градење на модерен систем на високо образование, во служба на студентите, економијата и развојот на државата.