Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јаневска: науката се актуелизира како поле на делување, Владата ќе продолжи да ја зголемува поддршката за научниците и истражувачите

Јаневска: науката се актуелизира како поле на делување, Владата ќе продолжи да ја зголемува поддршката за научниците и истражувачите

 

Вербата дека преку иновации и научни достигнувања можат да го менуваат општеството и глобалниот свет, но и сигурноста дека личниот ангажман и научен труд ќе биде поддржан од државата, од академската и бизнис заедницата, ги поттикнува и младите да се занимаваат со наука. Искрено се радувам за тоа, затоа што и самата сум дел од академската и научната заедница и знам колку значи подмладокот. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната конференција „Науката како патоказ во време на промени“ посветена на инспирирање на младите за значењето и улогата на науката во справувањето со современите општествени предизвици, а која ја организираше Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.

 

„Науката во последно време се актуелизира во Македонија, не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за државата. Ценам дека тоа е резултат на ефективни национални политики и на значително зголемен буџет за поддршка на научно – истражувачката дејност, споредбено со годините наназад“, рече Јаневска.  

 

Посочи дека влогот во науката секогаш се исплати и дека оваа година државата одвои двојно поголем буџет споредбено со лани, кој изнесува 680 милиони денари. Средствата, како што кажа, во најголем дел се распределени и успешно се користат за реализација на научно – истражувачки проекти.

 

„Министерството за образование и наука нуди многу можности за научниците. Финансираме учество на меѓународни научни конференции и организирање на домашни, објавување на научни трудови во списанија со импакт фактор, финансираме научно – истражувачки проекти на универзитетите, факултетите, научните установи, бизнис заедницата, МАНУ и така натаму. Доделуваме стипендии за млади научници, стипендии за втор и трет циклус на студии во државата, организираме кратки научни и студиски престои во странство преку билатерални соработки со други држави и низа други мерки, за кои младите можат да се информираат од нашата веб страна и нашите служби“, рече Јаневска додавајќи дека нема очекувања сите млади да станат научници, но очекува сите општествени чинители со можност за влијание, заедно да делуваат и да ја поттикнат креативноста и создавањето иновации.

Мени за пристапност