Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јаневска на средба со претставници на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал - продолжува заедничката заложба за превенција на младите од пороци

Јаневска на средба со претставници на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал -  продолжува заедничката заложба за превенција на младите од пороци

Вложувањето во превенција на младите од пороци претставува долгорочна инвестиција, во споредба со интервенцијата. Континуирано се заложуваме преку едукација да ги заштитиме учениците од тоа што може да им наштети на здравјето, а поддршката од меѓународни партнери особено ни значи. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на работната средба со Регионалниот претставник на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) за Југоисточна Европа г-динот Данило Рици, како и претставници на канцеларијата на UNODC во Скопје.

Министерката Јаневска на средбата ја истакна одличната соработка со aгенцијата на ОН, посебно во делот на превенцијата и јакнењето на образовниот систем како клучен фактор во справувањето со современите општествени предизвици.

На состанок беа потенцирани и тековните активности,  како и законските измени кои се однесуваат на превенцијата во образовниот систем, а се дискутираше и за продлабочување на соработката преку проширување на областите во рамките на Регионалната програма на UNODC  за Југоисточна Европа 2024–2029. 

- Денешната средба потврди дека постои заеднички интерес за продолжување и унапредување на соработката, особено во делот на превенцијата преку образованието, потенцираше Јаневска.

Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) е агенција на ОН која на глобално ниво се справува со нелегалната трговија со дрога, криминалот, тероризмот и корупцијата, обезбедувајќи истражувања, техничка помош и поддршка на владите за спроведување на меѓународни договори, јакнење на капацитетите и подигање на јавната свест, а главно се финансира преку доброволни придонеси.

Мени за пристапност