Интензивирање на досегашната успешна соработка помеѓу двете земји како и проширување во делот на високото образование и наука, беа тема на состанокот помеѓу министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и амбасадорот на Швајцарија Н.Е. Кристоф Сомер.

Двајцата соговорници ја истакнаа поддршката на швајцарската влада во делот на средното стручно образование, дуалното образование, како и зајакнување на соработката со компаниите и текот на спроведувањето на проектот Образование за вработување (e4e.mk) кој влегува во неговата двегодишна завршна фаза.
На средбата беше разговарано и за соработката помеѓу универзитетите од двете земји, како и интензивирање на соработката во полето на науката и научно истражувачката дејност, како и за подршката која ја добива Македонија во спроведувањето на Паметната специјализација и употребата на вештачката интелигенција.