Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Инфо настан на УГД за ЕУ програмите Хоризонт Европа и СОЅТ

Инфо настан на УГД за ЕУ програмите Хоризонт Европа и СОЅТ

На Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, на 8 јуни се одржа информативен настан за ЕУ програмите Хоризонт Европа и СОЅТ (European Cooperation in Science and Technology). Настанот имаше за цел да ги запознае наставниот кадар и соработниците со можностите што ги нудат овие ЕУ програми.

 На овој инфо настан Националниот координатор на Хоризонт Европа, Ксенија Хаџи Тошева Аврамчева и СОЅТ Националниот координатор Александар Тутновски одржаа презентации и подетално ги образложија можностите што ги нудат овие програми. Присутните имаа можност да се информираат за условите за аплицирање, начинот на вклучување во меѓународни мрежи, како и за придобивките од учество во европските истражувачки програми.

Свое излагање имаше и вон. проф. д-р Aлександар Петровски од Архитектонскиот факултет при УКИМ, кој пред присутните ја сподели својата успешна приказна во програмата СОЅТ (European Cooperation in Science and Technology , почнувајќи како учесник во работна група во СОЅТ акција, па се до предлагач и оваа година добитник на гранд на СОЅТ акцијата CA25114 - Towards Circular Future: Innovation of Circular Facades.

Со своето присуство настанот го збогатија и ректорот на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, проф. д-р Дејан Мираковски и проректорот за наука проф. д-р Зденка Стојановска. Тие ја истакнаа важноста од интензивирање на научно-истражувачката работа и продлабочување на меѓународната соработка како клучен фактор за унапредување на квалитетот на високото образование и научните достигнувања.

Настанот помина во конструктивна атмосфера, со активна дискусија и интерес од страна на присутните, при што беа поставени бројни прашања поврзани со процедурите за аплицирање и можностите за партнерства.

Доколку сакате и во вашата институција да се одржи ваков информативен настан, контактирајте го СОЅТ Националниот координатор, Александар Тутновски.

Е-маил: аleksandar.tutnovski@mon.gov.mk

Тел. 076 485 053

 

Мени за пристапност