Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Дополнителна можност за сместување во студентски домови каде има слободни места

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука
 
Министерството за образование и наука известува дека од денес е отворена можноста за пријавување на студенти за сместување во студентски домови каде останаа слободни места по Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2025/2026 година:
1.ДСД Кочо Рацин - Битола
 2.ДСД Томе Стефановски - Сениќ  - Скопје
 3.ДСД Никола Карев - Охрид
 4.ДСД НХ Oрде Чопела - Прилеп
5. Логос – Штип
6.ПСД Хилјадников - Штип
Сите заинтересирани студенти можат да аплицираат најдоцна до крајот на тековниот месец. Критериумите и условите за аплицирање се идентични како и при првото пријавување, а можат да се погледнат на следниот линк
 

Мени за пристапност