Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Делегација од Македонија го посети ТУМО Центарот за креативни технологии во Ерменија

Делегација од Македонија го посети ТУМО Центарот за креативни технологии во Ерменија

Делегација од Министерство за образование и наука, Владата, Град Скопје и УНДП го посети ТУМО Центарот за креативни технологии во Ереван, Ерменија, водечки центар за едукација на млади во дигитални и креативни области.

 

ТУМО нуди иновативен образовен модел - бесплатен пристап за млади од 12 до 18 години до знаења и вештини во програмирање, анимација, развој на игри, веб-дизајн и други современи области, преку комбинација на самостојно учење, практична работа и менторство од експерти.

 

Посетата овозможи директен увид во современи образовни методологии, воспоставување јавно-приватни партнерства и начини на мерење на влијанието врз развојот на младите. Овие искуства се од особено значење за унапредување на институционалните капацитети и подобра координација во развојот на слични иницијативи и кај нас.

 

Надвор од Ерменија, ТУМО има центри во повеќе европски, азиски и јужноамерикански градови. При посетата се дискутираше и за можноста за основање на ваков центар и во нашиот главен град.  

Мени за пристапност