Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

РЕШЕНИЕ за поништување на диплома и додаток на диплома за завршен втор циклус на академски студии

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа на член 205 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 82/18, 154/19, 76/20, 178/21, 58/24 и 124/25), министерката за образование и наука донесе

РЕШЕНИЕ

за поништување на диплома и додаток на диплома за завршен

втор циклус на академски студии

 

1.Со ова Решение се поништуваат:

- Дипломата и додатокот на дипломата со бр.2003 од 18.04.2022 година, со 60 ЕКТС кредити со просек 9.86 и стекнат назив Магистар по Менаџмент на човечки ресурси во општествените дејности, на име Викторија Соларска, издадени од Филозофски факултет – Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” – Скопје.

2.Ова решение влегува во сила со денот на неговото донесување.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

По задолжение на директорот на Државниот просветен инспекторат бр.31-38 од 16.01.2026 година, а во однос на Иницијатива ИП1бр.31-38 од 16.01.2026 година, доставена од деканот на Филозофски факултет – Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” – Скопје, извршен е вонреден инспекциски надзор во Филозофскиот факултет – Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” – Скопје во однос на запишани студенти на втор и трет циклус на студии со завршен прв циклус стручни студии и составен е Записник за извршен вонреден инспекциски надзор Ип1 бр.31-38 од 04.03.2026 година.

По извршениот увид во врска со предметот на надзор констатирани се следниве неправилности:

Студентот Викторија Соларска билa запишанa на втор циклус академски студии на Филозофски факултет – Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” – Скопје, спротивно на член 135 став 4 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 82/18, 154/19, 76/20, 178/21, 58/24 и 124/25), спротивно на член 2 и член 5 став 1, 2 и 5 од Правилникот за условите, критериумите и правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” – Скопје, објавен во универзитетски гласник бр.417 од 29.01.2019 година, член 2 од Одлуката за правилата за студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” – Скопје, Филозофски факлутет – Скопје објавена во универзитетски гласник бр.561 од 26 август 2021 година и член 2 од Одлуката за правилата за студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” – Скопје, Филозофски факултет – Скопје, објавена во Универзитетски гласник бр.585 од 10 јануари 2022 година.

Имено, студентот Викторија Соларска имала завршено прв циклус стручни студии, со стекнати 180 ЕКТС кредити и втор циклус стручни специјалистички студии на Факултет за медицински науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со стекнати 60 ЕКТС кредити.

На Студентот Викторија Соларска за да ги исполни условите за запишување на втор циклус академски студии на Филозофскиот факултет – Скопје, кредитите му биле пресметани како збир од прв циклус стручни студии и втор циклус специјалистички студии (180+60= 240), што е спротивно на условот за запишување и спротивно на горенаведените законски и подзаконски акти.

Од страна на Државниот просветен инспекторат до Министерството за образование и наука доставено е Известување Ип1 бр.31-38 од 27.04.2026 година, со кое известување сме задолжени како Министерство за образование и наука да постапиме согласно член 205 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 82/18, 154/19, 76/20, 178/21, 58/24 и 124/25).

Врз основа на горенаведеното, се одлучи како во диспозитивот на ова решение.

 

Правна поука: Против ова решение може да се поведе управен спор во рок од 30 дена од денот на приемот, до Управниот суд на Република Северна Македонија.

 

Решение

Мени за пристапност