Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

РЕШЕНИЕ за поништување на диплома и додаток на диплома за завршен втор циклус на академски студии

Министерство за образование и наука Министерство за образование и наука

Врз основа на член 205 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 82/18, 154/19, 76/20, 178/21, 58/24 и 124/25), министерката за образование и наука донесе

 

РЕШЕНИЕ

за поништување на диплома и додаток на диплома за завршен

втор циклус на академски студии

 

1.Со ова Решение се поништуваат:

- Дипломата и додатокот на дипломата со бр.1970 од 09.12.2021 година, со 60 ЕКТС кредити со просек 9.57 и стекнат назив Mагистер по специјална едукација и рехабилитација од областа на интелектуалната попреченост и аутизам, на име Бојан Богдановски, издадени од Филозофски факултет – Универзитет „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

2.Ова решение влегува во сила со денот на неговото донесување.

 

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

 

По задолжение на директорот на Државниот просветен инспекторат бр.31-38 од 16.01.2026 година, а во однос на Иницијатива ИП1бр.31-38 од 16.01.2026 година, доставена од деканот на Филозофски факултет – Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” – Скопје, извршен е вонреден инспекциски надзор во Филозофскиот факултет – Универзитет ,,Кирил и Методиј” – Скопје во однос на запишани студенти на втор и трет циклус на студии со завршен прв циклус стручни студии и составен е Записник за извршен вонреден инспекциски надзор Ип1 бр.31-38 од 04.03.2026 година.

По извршениот увид во врска со предметот на надзор констатирани се следниве неправилности:

Студентот Бојан Богдановски бил запишан на втор циклус академски студии на Филозофски факултет – Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” – Скопје, спротивно на член 135 став 4 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 82/18, 154/19, 76/20, 178/21, 58/24 и 124/25), спротивно на член 2 и член 5 став 1, 2 и 5 од Правилникот за условите, критериумите и правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” – Скопје, објавен во универзитетски гласник бр.417 од 29.01.2019 година, член 2 од Одлуката за правилата за студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” – Скопје, Филозофски факлутет – Скопје објавена во универзитетски гласник бр.561 од 26 август 2021 година и член 2 од Одлуката за правилата за студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” – Скопје, Филозофски факултет – Скопје, објавена во Универзитетски гласник бр.585 од 10 јануари 2022 година.

Имено, студентот Бојан Богдановски имал завршено прв циклус стручни студии, со стекнати 180 ЕКТС кредити и втор циклус стручни специјалистички студии на Медицински факултет - Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” – Скопје, со стекнати 60 ЕКТС кредити.

На студентот Бојан Богдановски за да ги исполни условите за запишување на втор циклус академски студии на Филозофскиот факултет – Скопје, кредитите му биле пресметани како збир од прв циклус стручни студии и втор циклус специјалистички студии (180+60= 240), што е спротивно на условот за запишување и спротивно на горенаведените законски и подзаконски акти.

Од страна на Државниот просветен инспекторат до Министерството за образование и наука доставено е Известување Ип1 бр.31-38 од 27.04.2026 година, со кое известување сме задолжени како Министерство за образование и наука да постапиме согласно член 205 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 82/18, 154/19, 76/20, 178/21, 58/24 и 124/25).

Врз основа на горенаведеното, се одлучи како во диспозитивот на ова решение.

 

Правна поука: Против ова решение може да се поведе управен спор во рок од 30 дена од денот на приемот, до Управниот суд на Република Северна Македонија.

 

Решение

Мени за пристапност