Врз основа на член 205 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 82/18, 154/19, 76/20, 178/21, 58/24 и 124/25), министерката за образование и наука донесе
Р Е Ш Е Н И Е
за поништување на диплома и додаток на диплома
за завршен втор циклус на студии
1. Со ова Решение се поништуваат дипломата и додатокот на дипломата со бр. 2086 од 17.10.2023 година, со 60 ЕКТС кредити со просек 9.43 и стекнат назив Магистар по специјална едукација и рехабилитација од областа на специфични тешкотии во учењето, на име Марија Трајковска Стефановска, издадени од Филозофски факултет – Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје.
2. Ова решение влегува во сила со денот на неговото донесување.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
По задолжение на директорот на Државниот просветен инспекторат бр.31-38 од 16.01.2026 година, а во однос на Иницијатива ИП1 бр.31-38 од 16.01.2026 година, доставена од деканот на Филозофски факултет – Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје, извршен е вонреден инспекциски надзор во Филозофскиот факултет – Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје во однос на запишани студенти на втор и трет циклус на студии со завршен прв циклус стручни студии и составен е Записник за извршен вонреден инспекциски надзор Ип 1 бр. 31-38 од 04.03.2026 година.
По извршениот увид во врска со предметот на надзор констатирани се следниве неправилности:
Студентот Марија Трајковска Стефановска била запишана на втор циклус академски студии на Филозофски факултет – Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје спротивно на член 135 став 4 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 82/18, 154/19, 76/20, 178/21, 58/24 и 124/25), спротивно на член 2 и член 5 став 1, 2 и 5 од Правилникот за условите, критериумите и правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје, објавен во универзитетски гласник бр.417 од 29.01.2019 година, член 2 од Одлуката за правилата за студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје, Филозофски факлутет – Скопје објавена во универзитетски гласник бр.561 од 26 август 2021 година и член 2 од Одлуката за правилата за студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” – Скопје, Филозофски факултет – Скопје, објавена во Универзитетски гласник бр.585 од 10 јануари 2022 година.
Имено, студентот Марија Трајковска Стефановска имала завршено прв циклус стручни студии, со стекнати 180 ЕКТС кредити и втор циклус стручни специјалистички студии на Медицински факултет - Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј” – Скопје, со стекнати 60 ЕКТС кредити.
На студентот Марија Трајковска Стефановска, за да ги исполни условите за запишување на втор циклус академски студии на Филозофскиот факултет – Скопје, кредитите му биле пресметани како збир од прв циклус стручни студии и втор циклус специјалистички студии (180+60= 240), што е спротивно на условот за запишување и спротивно на горенаведените законски и подзаконски акти.
Од страна на Државниот просветен инспекторат, до Министерството за образование и наука, доставено е Известување Ип1 бр. 31-38 од 27.04.2026 година, со кое известување сме задолжени како Министерство за образование и наука да постапиме согласно член 205 од Законот за високото
образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 82/18, 154/19, 76/20, 178/21, 58/24 и 124/25).
Врз основа на горенаведеното, се одлучи како во диспозитивот на ова решение.
Правна поука: Против ова решение може да се поведе управен спор во рок од 30 дена од денот на приемот, до Управниот суд на Република Северна Македонија.